Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 1:18-24

Матеј 1:18-24 MK2006

А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Ма­рија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека е тешка од Све­тиот Дух. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја напушти. Но, штом помисли така, ангел Гос­подов му се јави на сон и рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“ А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели: „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“ Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше за­по­ве­дал ангелот Господов и ја зеде својата жена.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Матеј 1:18-24

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност