Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 1

1
Родословот на Господ Исус Христос
(Лк 3,23-38)
1 # 9,27; 12,23; 15,22; 20,30-31; 21,9.15; 22,41-45; 1 Мојс 5,1; 15,2-5; 22,15-18; 2 Сам 7,13; Ис 9,1-6; Јн 7,42; 8,33-39; Рим 1,3; 2 Тим 2,8; Откр 5,5; 22,16; Гал 3,16 Книга за родословот на Исус Хрис­тос#1,1 Хрис­тос значи Месија., син Давидов, син Авра­амов. 2#1 Мојс 21,3.12; 25,19.26; 29,35Авраам го роди Исак, Исак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа; 3#Рута 4,13.17.22#1 Мојс 38,6.29-30Јуда ги роди Фарес и Зара, со Та­ма­ра; Фарес го роди Есром, а Есром го ро­ди Арам; 4Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Сал­мон; 5Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Је­сеј; 6#2 Сам 12,24Јесеј го роди царот Давид, а царот Да­вид со поранешната жена на Урија го роди Соломон; 7#1 Лет 3,10-16Соломон го роди Ровоам; Ровоам го ро­ди Авија, а Авија го роди Аса; 8Аса го роди Јосафат; Јосафат го ро­ди Јорам, а Јорам го роди Озија; 9Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија; 10Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија; 11#2 Цар 24,12-16Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон. 12#1 Лет 3,17.19; Лк 3,27А по вавилонското преселување Је­хонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел; 13Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор; 14Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд; 15Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков; 16#Јн 1,41Јаков го роди Јосиф, мажот на Ма­рија, од која се роди Исус, наречен Христос. 17И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четирина­есет родови; а и од преселувањето вави­лонско до Христос – родови четиринаесет.
Раѓањето на Исус Христос
(Лк 2,1-7)
18 # Лк 1,26-27; 2,5 А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Ма­рија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека е тешка од Све­тиот Дух. 19А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја напушти. 20#1,24; 2,12-13.19.22; 27,19; 28,2; 1 Мојс 16,7; 20,3; Дан 2,1; Лк 1,11.27.35; Дела 7,38; 5,19; 8,26; 12,7.23Но, штом помисли така, ангел Гос­подов му се јави на сон и рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. 21#Ис 7,14; Лк 1,31; Пс 130,8; Дела 4,12; Тит 2,14Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“ 22#2,15.17.23; 4,14; 8,17; 21,4; 26,56; Лк 4,21; Јн 12,38А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели: 23#18,20; 28,20; Ис 7,14„И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“ 24Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше за­по­ве­дал ангелот Господов и ја зеде својата жена. 25#Лк 2,7И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот Син#1,25 Во некои ракописи стои и: Го роди својот првороден Син. и Го нарече Ис­ус.

Селектирано:

Матеј 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност