Матеј 1:12-17
Матеј 1:12-17 MK2006
А по вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел; Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор; Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд; Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков; Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос. И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четиринаесет родови; а и од преселувањето вавилонско до Христос – родови четиринаесет.

