Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 1:1-25

Матеј 1:1-25 MK2006

Книга за родословот на Исус Хрис­тос, син Давидов, син Авра­амов. Авраам го роди Исак, Исак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа; Јуда ги роди Фарес и Зара, со Та­ма­ра; Фарес го роди Есром, а Есром го ро­ди Арам; Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Сал­мон; Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Је­сеј; Јесеј го роди царот Давид, а царот Да­вид со поранешната жена на Урија го роди Соломон; Соломон го роди Ровоам; Ровоам го ро­ди Авија, а Авија го роди Аса; Аса го роди Јосафат; Јосафат го ро­ди Јорам, а Јорам го роди Озија; Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија; Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија; Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон. А по вавилонското преселување Је­хонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел; Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор; Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд; Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков; Јаков го роди Јосиф, мажот на Ма­рија, од која се роди Исус, наречен Христос. И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четирина­есет родови; а и од преселувањето вави­лонско до Христос – родови четиринаесет. А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Ма­рија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека е тешка од Све­тиот Дух. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја напушти. Но, штом помисли така, ангел Гос­подов му се јави на сон и рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“ А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели: „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“ Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше за­по­ве­дал ангелот Господов и ја зеде својата жена. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот Син и Го нарече Ис­ус.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност