Книга за родословот на Исус Христос, син Давидов, син Авраамов. Авраам го роди Исак, Исак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа; Јуда ги роди Фарес и Зара, со Тамара; Фарес го роди Есром, а Есром го роди Арам; Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Салмон; Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј; Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид со поранешната жена на Урија го роди Соломон; Соломон го роди Ровоам; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса; Аса го роди Јосафат; Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија; Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија; Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија; Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон. А по вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел; Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор; Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд; Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков; Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.
Прочитај Матеј 1
Слушај Матеј 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 1:1-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа