Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 6:1-11

Лука 6:1-11 MK2006

Еднаш во сабота, додека минуваше низ посевите, учениците Негови кинеа класје и, триејќи ги со раце, јадеа. А некои од фарисеите им рекоа: „Зошто го правите тоа што не е до­пуш­тено да се прави во сабота?“ Исус им одговори и рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога огладне, тој и оние што беа со него? Како влезе во домот Божји, ги зеде лебовите од жртвеникот, што не тре­ба­ше да ги јаде никој освен свештениците, па јадеше, и им даде на оние што беа со него!“ И им рече: „Синот Човечки е господар и на саботата.“ Подоцна, пак, и другата сабота влезе во синагогата и поучуваше; а таму има­ше еден човек, кому десната рака му бе­ше исушена. Книжниците и фарисеите внимаваа на Него, дали ќе го излекува во сабота, за да најдат причина да Го обвинат. Но Тој, знаејќи ги нивните помисли, му рече на човекот со исушената рака: „Дигни се и застани насреде!“ И тој се дигна и застана. Тогаш им рече Исус: „Ќе ве за­пра­шам: што е дозволено да прави човек во сабота – добро или зло? Да спаси една душа или да ја погуби?“ А тие молчеа. Па, откако ги изгледа сите, му рече на човекот: „Протегни ја раката своја!“ Тој направи така; и раката му стана здрава како другата. А тие се разгневија многу и се советуваа меѓу себе што да Му направат на Исус.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност