Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 6:1-11

Лука 6:1-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Една сабота, кога Исус минуваше низ нивите, Неговите ученици кинеа клавчиња, ги триеја со раце и ги јадеа. Некои од фарисеите ги прекорија, велејќи им: „Зошто го правите тоа што не е дозволено да се прави во сабота?“ На ова, Исус им одговори: „Зар не сте читале што направија Давид и неговите придружници кога огладнеа, и како тој влезе во Божјиот Дом, па тој и неговите луѓе јадеа од посветениот леб, од кој само свештениците смееја да јадат? Јас, Синот Човечки, Сум Господар и над саботата“ - заклучи Исус. Една друга сабота, Исус влезе да поучува во синагогата. Таму имаше еден човек со парализирана десна рака. Вероучителите и фарисеите Го набљудуваа со намера да Го обвинат, доколку изврши исцелување во сабота. А Исус, знаејќи им ги мислите, му се обрати на човекот со парализираната рака: „Стани и застани пред сите!“ Тој стана и застана. Тогаш Исус им рече: „Да ве прашам: што е дозволено да се прави во сабота: добро или лошо? Да се спасуваат животи, или да се уништуваат?“ Потоа прошета со погледот од човек до човек и му се обрати на болниот: „Испружи ја раката!“ Тој го стори тоа и раката веднаш му оздраве. А противниците збеснаа и почнаа да се договараат што да Му направат на Исус.

Лука 6:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Еднаш во сабота, додека минуваше низ посевите, учениците Негови кинеа класје и, триејќи ги со раце, јадеа. А некои од фарисеите им рекоа: „Зошто го правите тоа што не е до­пуш­тено да се прави во сабота?“ Исус им одговори и рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога огладне, тој и оние што беа со него? Како влезе во домот Божји, ги зеде лебовите од жртвеникот, што не тре­ба­ше да ги јаде никој освен свештениците, па јадеше, и им даде на оние што беа со него!“ И им рече: „Синот Човечки е господар и на саботата.“ Подоцна, пак, и другата сабота влезе во синагогата и поучуваше; а таму има­ше еден човек, кому десната рака му бе­ше исушена. Книжниците и фарисеите внимаваа на Него, дали ќе го излекува во сабота, за да најдат причина да Го обвинат. Но Тој, знаејќи ги нивните помисли, му рече на човекот со исушената рака: „Дигни се и застани насреде!“ И тој се дигна и застана. Тогаш им рече Исус: „Ќе ве за­пра­шам: што е дозволено да прави човек во сабота – добро или зло? Да спаси една душа или да ја погуби?“ А тие молчеа. Па, откако ги изгледа сите, му рече на човекот: „Протегни ја раката своја!“ Тој направи така; и раката му стана здрава како другата. А тие се разгневија многу и се советуваа меѓу себе што да Му направат на Исус.

Лука 6:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Се случи во втората главна сабота, да минува низ посевите, а Неговите ученици кинеа класје, го триеја со рацете и јадеа. А некои од фарисеите рекоа: „Зошто го правите тоа, што не е дозволено да се прави во саботни денови?“ Исус одговори и им рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога огладне тој и тие, кои беа со него? И како влезе во Божјиот Дом, ги зеде поставе-ните лебови и јаде, им даде и на оние, кои беа со него, што никому не е дозволено да ги јадат, а само свештениците. И им рече: „Чове-чкиот Син е Господар и на саботата.“ А во една друга сабота влезе во синагогата и поучуваше, а таму имаше и еден човек, чија десна рака беше исушена. А книж-ниците и фарисеите Го набљудуваа - дали ќе лекува во сабота - за да можат да Го обвинат. А Тој ги знаеше нивните мисли и му рече на човекот со исушената рака: „Ста-ни и исправи се на средина!“ И стана и се исправи. А Исус им рече: „Ве прашувам вас: што е дозволено да се прави во сабота: добро или зло? Да се спаси живот или да се погуби?“ И ги изгледа сите наоколу и му рече: „Протегни ја раката!“ А тој направи така, и раката му стана здрава како другата. А тие се исполнија со безумна јарост и се договараа меѓу себе што би можеле да Му направат на Исуса.