Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 24:44-53

Лука 24:44-53 MK2006

Па им рече: „Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“ Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата, и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден, и да биде проповедано во Негово име покајание и проштавање на гре­во­вите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим; а вие сте сведоци за ова. И ете, Јас ќе го испратам врз вас ве­тувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, додека не се об­ле­чете во сила одозгора.“ И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. И додека ги благословуваше, се од­дели од нив и се вознесе на небото; тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност