Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 24:44-53

Лука 24:44-53 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Потоа Исус им рече: „За ова ви зборував уште додека бев со вас, имено, сe што е претскажано за Мене во книгите на Мојсеевиот Закон, на пророците и во Псалмите, требаше да се исполни.“ Тогаш им ги просветли умовите за да им стане јасно Светото Писмо, и им рече: „Запишано е дека Месијата треба да настрада и да воскресне на третиот ден, дека во Неговото име ќе се проповеда пораката за покајание и простување на гревовите меѓу сите народи, почнувајќи од Ерусалим. Вие сте сведоци за тоа. Јас ќе ви го испратам Светиот Дух, Кој ви го вети Мојот небесен Татко, а вие останете во градот, сe додека Светиот Дух не слезе врз вас со сила од небото.“ Потоа Исус ги поведе надвор од градот, во близина на Бетанија, каде што ги подигна Своите раце и почна да ги благословува. Додека ги благословуваше, се подигаше над нив и се вознесе на небото. Тие Му се поклонија и многу радосни се вратија во Ерусалим, каде што целото време го минуваа во храмот, славејќи Го Бога.

Лука 24:44-53 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Па им рече: „Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“ Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата, и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден, и да биде проповедано во Негово име покајание и проштавање на гре­во­вите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим; а вие сте сведоци за ова. И ете, Јас ќе го испратам врз вас ве­тувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, додека не се об­ле­чете во сила одозгора.“ И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. И додека ги благословуваше, се од­дели од нив и се вознесе на небото; тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога.

Лука 24:44-53 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И им рече: „Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон, во Пророците и во Псалмите.“ Тогаш им го отвори умот, за да ги разберат Писмата, и им рече: „Така е напишано дека Христос треба да пострада и да воскресне од мртвите во третиот ден, и да биде проповедано во Негово име покајание и прошка на гревовите на сите народи - почнувајќи од Ерусалим. Вие сте сведоци на тоа; а еве, Јас ќе го испратам на вас ветувањето на Мојот Татко; а вие останете во градот, додека не се облечете во сила одозгора!“ И ги изведе до Витанија; ги подигна Своите раце и ги благослови. И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небо. А тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. И беа постојано во Храмот фалејќи Го и благословувајќи Го Бога. Амин!