Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 2:43-52

Лука 2:43-52 MK2006

Но, кога се завршија празничните денови, додека се враќаа дома, детето Исус остана во Ерусалим; а Неговите родители не го забележаа тоа. Мислејќи дека е Тој меѓу сопатни­ците, изминаа еден ден пат и почнаа да Го бараат меѓу роднините и познатите. Па, бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат. По три дни Го најдоа во храмот ка­ко седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува; сите што Го слушаа, беа восхитени од Неговата остроумност и од Неговите одговори! Кога Го видоа, се зачудија; и Не­го­вата мајка Му рече: „Синко, зошто ни направи така? Ете, татко ти и јас се измачивме, барајќи Те.“ А Тој рече: „Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она коешто е на Мојот Татко?“ Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа Тој. И Тој слезе со нив, па дојде во На­зарет и им беше послушен. А мајка Му ги зачува сите тие настани во срцето свое. Исус, пак, напредуваше во мудроста и возраста и во милост кај Бога и кај луѓето.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност