И секоја година родителите Негови одеа во Ерусалим на празникот Пасха. А кога Тој беше на дванаесет години, тие отидоа во Ерусалим, според обичајот за празникот. Но, кога се завршија празничните денови, додека се враќаа дома, детето Исус остана во Ерусалим; а Неговите родители не го забележаа тоа. Мислејќи дека е Тој меѓу сопатниците, изминаа еден ден пат и почнаа да Го бараат меѓу роднините и познатите. Па, бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат. По три дни Го најдоа во храмот како седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува; сите што Го слушаа, беа восхитени од Неговата остроумност и од Неговите одговори! Кога Го видоа, се зачудија; и Неговата мајка Му рече: „Синко, зошто ни направи така? Ете, татко ти и јас се измачивме, барајќи Те.“ А Тој рече: „Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она коешто е на Мојот Татко?“
Прочитај Лука 2
Слушни за Лука 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 2:41-49
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа