А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него. Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израел, и е знак против Кого ќе се говори. А и тебе самата, меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.“ Таму беше и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое. Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години. Не се оддалечуваше од храмот и Му служеше на Бога со пост и молитва, дење и ноќе. Во тој час пристапи и таа и почна да Го слави Господ и им прикажуваше за Него на сите што очекуваа избавување на Ерусалим. И кога извршија сѐ по Законот Господов, се вратија во Галилеја, во градот свој Назарет. А Детето растеше и крепнеше со духот, исполнувајќи се со мудрост; и благодатта Божја беше врз Него.
Прочитај Лука 2
Слушни за Лука 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 2:33-40
20 дена
Овој четиринеделен, божиќен план за библиско проучување, е наменет да ни го привлече вниманието кон понизното доаѓање на Спасителот во нашите животи. Ова проучување вклучува четири приказни од евангелијата според Матеј и Лука. Ние ќе учиме за Господовиот божествен план за раѓањето на Исус Христос и ќе искусиме како е да се биде присутен на тие настани.
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа