Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 2:22-40

Лука 2:22-40 MK2006

И кога се навршија деновите за нив­ното очистување, според законот на Мојсеј, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господ, како што е напишано во Законот Господов дека секое првородено машко дете треба да Му се посвети на Господ; и да се принесе жртва, како што е речено во Законот Господов, две гугутки или две гулапчиња. А во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја оче­куваше утехата Израелова; и Светиот Дух беше на него. Нему Светиот Дух му беше про­ре­кол дека нема да види смрт, додека не Го види Христос Господов. И поттикнат од Духот, дојде во храмот. Па, кога родителите Го донесоа детето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според За­ко­нот, тој Го зеде во своите раце, Го бла­гослови Бога и рече: „Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Господаре, според зборот Твој, зашто очите мои го видоа спасение­то Твое што си го приготвил пред лицето на сите народи; светлина за просвета на нез­на­бош­ците и слава на Твојот народ, Израел.“ А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него. Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израел, и е знак против Ко­го ќе се говори. А и тебе самата, меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.“ Таму беше и пророчицата Ана, ќер­ката Фануилова, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое. Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години. Не се оддале­чу­ва­ше од храмот и Му служеше на Бога со пост и молитва, дење и ноќе. Во тој час пристапи и таа и почна да Го слави Господ и им прикажуваше за Него на сите што очекуваа избавување на Ерусалим. И кога извршија сѐ по Законот Гос­подов, се вратија во Галилеја, во градот свој Назарет. А Детето растеше и крепнеше со ду­хот, исполнувајќи се со мудрост; и благодатта Божја беше врз Него.

Видео за Лука 2:22-40