Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 2:1-40

Лука 2:1-40 MK2006

Во тоа време излезе заповед од царот Август за попис на сите жи­те­ли. Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј со Сирија. И отидоа сите да се запишат, секој во својот град. Па така и Јосиф, бидејќи беше од Галилеја, од градот Назарет, отиде во Јудеја, во градот Давидов, наречен Вит­леем, бидејќи беше од домот и племето Давидово, за да се запише со Марија, неговата свршеница, која беше тешка. А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди. Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив не­маше место во гостилницата. Во тој крај имаше пастири, кои но­ќеваа таму и го чуваа своето стадо. И одеднаш им пристапи ангел Господов и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу. А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ. Ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли.“ И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“ Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа меѓу себе: „Да појдеме во Витлеем и да го видиме претскажаниот настан што ни го соопшти Господ.“ И дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосиф со Младенецот кој лежеше во јасли. А штом го видоа, соопштија за претскажувањето што им беше речено за Тоа Дете. И сите што слушаа се восхитуваа на она што им го говореа пастирите. А Марија ги зачува сите тие зборови, сложувајќи ги во срцето свое. И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што чуја и видоа, како што им беше речено. А кога се навршија осум дена и Де­тето требаше да Го обрезат, Му дадоа име Исус, како што беше наречено од ангелот уште пред да биде зачнат во ут­робата. И кога се навршија деновите за нив­ното очистување, според законот на Мојсеј, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господ, како што е напишано во Законот Господов дека секое првородено машко дете треба да Му се посвети на Господ; и да се принесе жртва, како што е речено во Законот Господов, две гугутки или две гулапчиња. А во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја оче­куваше утехата Израелова; и Светиот Дух беше на него. Нему Светиот Дух му беше про­ре­кол дека нема да види смрт, додека не Го види Христос Господов. И поттикнат од Духот, дојде во храмот. Па, кога родителите Го донесоа детето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според За­ко­нот, тој Го зеде во своите раце, Го бла­гослови Бога и рече: „Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Господаре, според зборот Твој, зашто очите мои го видоа спасение­то Твое што си го приготвил пред лицето на сите народи; светлина за просвета на нез­на­бош­ците и слава на Твојот народ, Израел.“ А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него. Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израел, и е знак против Ко­го ќе се говори. А и тебе самата, меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.“ Таму беше и пророчицата Ана, ќер­ката Фануилова, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое. Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години. Не се оддале­чу­ва­ше од храмот и Му служеше на Бога со пост и молитва, дење и ноќе. Во тој час пристапи и таа и почна да Го слави Господ и им прикажуваше за Него на сите што очекуваа избавување на Ерусалим. И кога извршија сѐ по Законот Гос­подов, се вратија во Галилеја, во градот свој Назарет. А Детето растеше и крепнеше со ду­хот, исполнувајќи се со мудрост; и благодатта Божја беше врз Него.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност