Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 17:1-19

Лука 17:1-19 MK2006

И им рече Исус на учениците Свои: „Доаѓањето на соблазните е неизбежно, но тешко на оној преку кого доаѓаат; за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фр­лат в море, отколку да соблазни еден од овие помали. Внимавајте на себе. Ако згреши против тебе братот твој, укори го, и ако се покае – прости му. И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ‚Се каам‘ – прости му.“ И Му рекоа апостолите на Господ: „Засили ни ја верата!“ А Господ им рече: „Кога би имале вера колку синаповото зрно и ѝ речете на онаа црница: ‚Откорни се и пресади се в море!‘ – таа би ве послушала. Кој од вас, кога ќе се врати од поле неговиот слуга, кој орал или чувал ов­ци, веднаш ќе му рече: ‚Дојди бргу и седни на трпеза!‘ Нема ли да му каже: ‚Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ме до­дека јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!‘ Зар ќе му благодари на тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не. Па така и вие, откако ќе исполните сѐ што ви е заповедано, речете: ‚Ние сме слуги бесполезни, зашто го из­вр­шивме она што бевме должни да го извршиме.‘“ А кога одеше за Ерусалим, Тој по­минуваше меѓу Самарија и Галилеја. Кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа по­далеку, па со силен глас повикаа: „Исусе Учителе, смилувај се!“ Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ И тие, уште додека одеа, се очистија. А еден од нив, кога виде дека е из­лекуван, се врати и Го прослави Бога гласно; и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Са­мар­ја­нин. Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се дру­ги­те девет? Зарем не се најдоа да се вратат и другите и да Му воздадат слава на Бога, туку само овој туѓинец?“ И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!“