Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 17

17
За соблазната
(Мт 18,6-7.21-22; Мк 9,42)
1 # Мт 5,29; 1 Кор 8,12 И им рече Исус на учениците Свои: „Доаѓањето на соблазните е неизбежно, но тешко на оној преку кого доаѓаат; 2за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фр­лат в море, отколку да соблазни еден од овие помали. 3#3 Мојс 19,17; Мт 18,15; Гал 6,1Внимавајте на себе. Ако згреши против тебе братот твој, укори го, и ако се покае – прости му. 4И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ‚Се каам‘ – прости му.“
Моќта на верата
(Мт 17,20)
5 # 6,13; Мк 9,24 И Му рекоа апостолите на Господ: „Засили ни ја верата!“ 6#Мт 13,32; 17,20; 21,21; Мк 4,31; 11,23; 1 Кор 13,2А Господ им рече: „Кога би имале вера колку синаповото зрно и ѝ речете на онаа црница: ‚Откорни се и пресади се в море!‘ – таа би ве послушала.
Должноста на слугата
7Кој од вас, кога ќе се врати од поле неговиот слуга, кој орал или чувал ов­ци, веднаш ќе му рече: ‚Дојди бргу и седни на трпеза!‘ 8#Јн 13,3-5Нема ли да му каже: ‚Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ме до­дека јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!‘ 9#Јов 22,3; 35,7Зар ќе му благодари на тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не. 10#Мт 25,30Па така и вие, откако ќе исполните сѐ што ви е заповедано, речете: ‚Ние сме слуги бесполезни, зашто го из­вр­шивме она што бевме должни да го извршиме.‘“
Исус исцелува десетмина лепрозни
11 # 9,51; 13,22; 19,28; Мк 9,30; Јн 4,4 А кога одеше за Ерусалим, Тој по­минуваше меѓу Самарија и Галилеја. 12#3 Мојс 13,45-46; Мт 8,2Кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа по­далеку, 13#Мт 9,27; 15,22па со силен глас повикаа: „Исусе Учителе, смилувај се!“ 14#5,14; 3 Мојс 14,2-32Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ И тие, уште додека одеа, се очистија. 15#2,20А еден од нив, кога виде дека е из­лекуван, се врати и Го прослави Бога гласно; 16#9,52-53и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Са­мар­ја­нин. 17Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се дру­ги­те девет? 18Зарем не се најдоа да се вратат и другите и да Му воздадат слава на Бога, туку само овој туѓинец?“ 19#7,50; 8,48; 18,42; Мк 10,52И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!“
За доаѓањето на царството Божјо
(Мт 24,23-28.37-41)
20 # 9,11; Мт 3,2; 4,17; 6,10; Дела 1,6 Запрашан од фарисеите кога ќе дој­де царството Божјо, Тој им одговори: „Царството Божјо нема да дојде преку нешто што може да се забележи, 21#17,23; Мт 24,23ниту, пак, ќе може да се каже: ‚Еве, овде е‘ или: ‚Еве, онде е‘. Зашто цар­ството Божјо е во вас внатре.“ 22#Амос 5,18; Мт 8,20; Мт 9,15; 1 Кор 1,8И им рече: „Ќе дојдат дни, кога ќе копнеете да видите еден од деновите на Синот Човечки, и нема да видите: 23#19,11; 21,8-9; Мт 24,23-27; Мк 13,21и кога ќе ви речат: ‚Еве Го, овде е‘ или: ‚Еве, онде е‘. – Не одете и не барај­те! 24#Откр 1,7Зашто, како што молњата, кога ќе светне од едниот крај на небото го осветлува и другиот, така ќе биде и Си­нот Човечки во Својот ден. 25#18,32; Мт 16,21; Мк 8,31Но, најнапред Тој треба многу да пострада и да биде отфрлен од овој род. 26#1 Мојс 6,5-12Како што беше во Ноевите дни, та­ка ќе биде и во деновите на Синот Чо­вечки: 27#1 Мојс 7,6-23јадеа, пиеја, се женеа, се ма­жеа, сѐ до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите. 28#1 Мојс 18,20-21; 19,1-29; 2 Птр 2,5Исто така, како што беше во Ло­то­вите дни: јадеа, пиеја, купуваа, прода­ваа, садеа, ѕидаа; 29#1 Мојс 19,24; 2 Птр 2,7но во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите; 30така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки. 31#21,21; 1 Мојс 19,17; Ер 4,6; 48,6; 49,8.30; 51,6; Мт 24,17-18; Мк 13,15-16Во тој ден, кој е на покрив, а по­куќ­нината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; а кој е в поле, исто така, да не се враќа. 32#1 Мојс 19,26Сетете се на Лотовата жена. 33#9,24; Мт 10,39; 16,25; Мк 8,35; Јн 12,25Кој сака да го спаси својот живот, ќе го погуби; а кој ќе го погуби, ќе го спаси. 34#Мт 24,40-41Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават; 35две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават.“ 36#17,36 Во некои ракописи е додаден и стихот 36 кој гласи: „Двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.“ 37#Ис 18,6; 34,15-16; Ер 7,33; 15,3; Ез 39,17; Јов 39,30; Мт 24,28И, кога одговорија, Му рекоа: „Ка­де, Господи?“ А Тој им рече: „Каде што е лешот, таму ќе се соберат и орлите.“

Селектирано:

Лука 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност