И кога зборуваше Тој, еден фарисеј Го помоли да руча кај Него. Тој отиде и седна на трпеза. И фарисејот се зачуди кога виде дека Тој не си ги изми рацете пред јадење. Но Господ му рече: „Ете, вие фарисеите ја миете чашата и чинијата однадвор, а внатрешноста ви е полна со грабеж и лукавство. Безумници! Оној што го направи надворешното, нели е истиот тој што го направи и внатрешното? Но, давајте го како милостина она што е внатре, тогаш сѐ ќе ви биде чисто. Но, тешко вам, фарисеи, зашто давате десеток од нане и рута, и од секаков зеленчук, а ги занемарувате правдата и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го пропуштите. Тешко вам, фарисеи! Зашто сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите! Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто сте како сокриени гробови, преку кои луѓето одат и не ги знаат.“
Прочитај Лука 11
Слушни за Лука 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 11:37-44
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа