Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 10:25-36

Лука 10:25-36 MK2006

И ете, стана еден законик и, ис­ку­шувајќи Го, рече: „Учителе, што треба да направам за да наследам живот вечен?“ А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Што читаш таму?“ Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!“ Му кажа пак: „Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.“ Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: „А кој е мој ближен?“ Исус му одговори и рече: „Еден чо­век, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа и го претепаа, и си отидоа, оставајќи го полумртов. Случајно во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, помина на спротивната страна. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, погледна и премина на другата страна. Еден, пак, Самарјанин, кој патува­ше, кога дојде до него, го виде и се со­жали. И кога се приближи, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на добитокот свој, го од­несе во гостилница и се погрижи за не­го. А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гос­тил­ни­ча­рот и му рече: ‚Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘ Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што пад­на во рацете на разбојниците?“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 10:25-36

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност