Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 10:17-22

Лука 10:17-22 MK2006

Се вратија, пак, седумдесет (и двај­ца­та) со радост и велеа: „Господи, во Твое име и демоните ни се покоруваат.“ А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото како молња! Еве, ви давам власт да газите на змии и скорпии, и власт над секоја не­пријателска сила; и ништо нема да ви наштети; но не радувајте се на тоа што ду­хо­вите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се напишани на не­бесата.“ Во тој час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Те прославувам, Оче, Гос­поди на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а си им го открил на малечките. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја.“ Па, откако се сврте кон учениците, им рече: „Сѐ Ми предаде Мојот Отец; и кој е Синот не знае никој, освен Отецот; и кој е Отецот, не знае никој, освен Си­нот, и – оној кому што сака Синот да му открие.“