Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 26:3-12

Левитска 26:3-12 MK2006

Ако постапувате според Моите по­велби и ги запазувате Моите наредби, и ги исполнувате, ќе ви давам дожд навреме, и земјата ќе го даде родот свој, и дрвјата полски ќе го дадат својот плод, и вршидбата ќе трае кај вас до гроздоберот, гроздоберот ќе трае до сеидбата, и ќе јадете свој леб до наситка и ќе живеете безбедно во вашата земја. Ќе ѝ дадам мир на земјата; ќе спиете и никој нема да ве обеспокојува; ќе ги истребам лутите ѕверови од земјата и меч нема да помине по целата ваша земја. Па ќе ги гоните непријателите ваши, и тие од меч ќе паднат убиени пред вас; петмина од вас ќе прогонуваат сто души, и сто од вас ќе прогонуваат десет илјади, и непријателите ваши ќе паднат од меч пред вас. Ќе погледнам благонаклоно на вас и ќе ве направам плодни, ќе ве умножам и ќе го зацврстам заветот Мој со вас. И ќе јадете од старото – ланското и старото ќе го исфрлите поради новото. Ќе го поставам живеалиштето Мое меѓу вас, и душата Моја нема да се гнаси од вас. Ќе се движам меѓу вас и ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ.