Широко ги отворија устите против нас сите наши непријатели. Ужас и јама, пустош и разорение – тоа е делот наш. Потоци солзи лее окото мое за погибелта на ќерката од мојот народ. Окото ми се прелива и не престанува, бидејќи нема одмор сѐ додека Господ не погледне милостиво и види од небесата. Окото мое е причина да страда душата моја заради сите ќерки на мојот град. Постојано се силат непријателите мои да ме уловат како птичка, без никаква причина. Го фрлија во јама животот мој и ме засипаа со камења. Водата се подигна над главата моја; па си реков – „Загинав.“ Го повикав името Твое, Господи, од длабоката јама. Ти го чу гласот мој; не затнувај го увото Свое за мојата воздишка и за мојот плач! Ти се приближуваше, кога ќе повикав кон Тебе, и велеше – не плаши се! Ти го заштитуваше, Господи, делото на мојата душа; го избавуваше мојот живот. Ти гледаш како ме угнетуваат, Господи; пресуди го делото мое. Ти ја гледаш сета одмазда нивна, сите намери нивни против мене. Ти ги слушаш, Господи, навредите нивни, сите намери нивни против мене, зборовите на оние, што стануваат против мене, и лукавствата нивни против мене секој ден. Погледај, седнат ли, станат ли, јас сум подбивна песна за нив. Казни ги, Господи, според делата на рацете нивни; прати им закоравеност на срцето нивно и проклетсвото Твое врз нив; гони ги, Господи, со гнев и истреби ги од поднебјето!
Прочитај Плачот 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Плачот 3:46-66
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа