Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Плачот 1:12-22

Плачот 1:12-22 MK2006

Нека не ве снајде ова сите вас, кои врвите по патот. Погледајте и видете – има ли болка каква што е мојата болка, која ме постигна, каква што Господ ја испрати врз мене во денот на Својот пламенен гнев? Тој испрати оган одозгора во коските мои, и огнот ги опфати; распосла мрежа за нозете мои, ме кутна ничкум, ме остави да тагувам секој ден. Јаремот на беззаконијата мои го стегна со раката Своја; околу вратот ми ги обеси; силата ми ја одзеде; Господ ме предаде во раце, од кои не можам да се заштитам. Сите јунаци од мојата средина Господ ги собори; свика против мене мнозина за да ги истреби младинците мои, како во каца ја изгази Господ де­војката, ќерката Јудина. Заради тоа јас плачам: окото мое, окото мое солзи лие, зашто далеку е од мене утешителот, кој би ја оживеал душата моја; синовите мои пропаднаа, бидејќи непријателот ги надвладеа. Сион ги протега рацете, но за него нема утешител. Господ заповеда непријатели да го опколат Јакова; Ерусалим стана нечистотија меѓу нив. Праведен е Господ, зашто не му се покорував на словото Негово. Чујте, сите народи, и погледнете ја мојата бол­ка; момите мои и момчињата мои отидоа во ропство. Ги повикувам пријателите свои, но тие ме измамија; свештениците мои и старешините мои умираат во градот, барајќи храна за да ја поткрепат душата своја. Погледај, Господи, во каква мака сум, утробата моја трепери, срцето ми се превртува, бидејќи жестоко се противев на Тебе; однадвор меч ми ги по­коси децата, а дома – смрт. Слушаат како офкам, а утешител немам; за мојата неволја чуја сите мои непријатели и се зарадуваа, бидејќи Ти го направи тоа; о, да беше му заповедал на претскажаниот ден да дојде, па и тие да станат како мене! Нека се појави пред Тебе сета злоба нивна; и постапи со нив како што пос­тапи со мене за сите мои гревови, зашто тешки се офкањата мои, и срцето мое е натажено.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Плачот 1:12-22

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност