Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Плачот 1

1
Ерусалим тагува и моли за помош
1Како остана пуст градот, некогаш полн со народ! Стана како вдовица; некогаш голем меѓу народите; кнезот над областите сега плаќа данок. 2#1,9.19; 2,18; Ер 9,17; Пс 6,6; Ис 40,1; Пс 69,20; Ер 30,14; Јн 13,18Горко плаче ноќе, а солзите му па­ѓаат по образите. Од сите оние што го сакаа, сега нема никој да го утеши; сите негови пријатели го изневерија и му станаа непријатели. 3#Пс 116,3Поради беда и ропство Јуда се пресели; се насели меѓу незнабошци, и не најде спокој; сите што го гонеа, го при­теснија. 4#Ер 14,2; Ис 3,26Патиштата на Сион тагуваат, зашто нема кој да оди на празник; сите негови порти запустеа; свештениците воздивнуваат, момите негови се нажалени, а и самиот е во тага! 5#5 Мојс 28,25; Пс 89,42Непријателите негови станаа господари; на противниците негови им е добро, бидејќи Господ испрати врз него страдања поради неговите бројни беззаконија; децата негови отидоа во ропство пред непријателот. 6#Ез 10,18; 11,22-23И отиде од ќерката Сионова сета нејзина слава; кнезовите нејзини се како елени, што не наоѓаат пасиште; обес­силени, тие бегаат пред терачот. 7Се присетува Ерусалим во деновите на својата беда и на своите страдања за сите свои убавини, што ги имаше во поранешните дни, а сега, пак, народот падна од непријателска рака, и нема кој да му помогне; непријателите гледаат на него и се смеат на неговата пропаст. 8#1,17; Ис 47,3; Ез 16,37Тешко згреши Ерусалим, па затоа и стана одвратен; сите што го почитуваа, сега го гледаат со презир, зашто ја видоа голотијата негова; и тој самиот воздивнува и го крие своето лице. 9#5 Мојс 32,29; Ис 47,7; 1,2Нечистотија имаше по полите не­гови, но тој не помислуваше за својата иднина, па поради тоа многу се понизи и падна, и нема сега кој да го утеши. „Погледај, Господи, на мојата мака, зашто непријателот се возгордеа!“ 10#2 Цар 24,13; Ис 64,10; 5 Мојс 23,4; Ез 44,7-9; Дела 21,28Непријателот посегна по сѐ што му беше најдраго; и тој гледа како незна­бошците влегуваат во неговото свети­лиште, оние, за кои си заповедал да не влегуваат во Твојот храм. 11#5 Мојс 28,51; Ер 52,6Сиот негов народ воздивнува, бара­јќи леб, ги дава своите скапоцени рабо­ти за храна – душата да ја поткрепи. „Погледај, Господи, и види колку сум презрен!“ 12#Дан 9,12; 12,1; Мт 24,21Нека не ве снајде ова сите вас, кои врвите по патот. Погледајте и видете – има ли болка каква што е мојата болка, која ме постигна, каква што Господ ја испрати врз мене во денот на Својот пламенен гнев? 13Тој испрати оган одозгора во коските мои, и огнот ги опфати; распосла мрежа за нозете мои, ме кутна ничкум, ме остави да тагувам секој ден. 14#5 Мојс 28,48; Ер 27,2Јаремот на беззаконијата мои го стегна со раката Своја; околу вратот ми ги обеси; силата ми ја одзеде; Господ ме предаде во раце, од кои не можам да се заштитам. 15#Ис 63,3; Јоил 4,13Сите јунаци од мојата средина Господ ги собори; свика против мене мнозина за да ги истреби младинците мои, како во каца ја изгази Господ де­војката, ќерката Јудина. 16#Ер 13,17Заради тоа јас плачам: окото мое, окото мое солзи лие, зашто далеку е од мене утешителот, кој би ја оживеал душата моја; синовите мои пропаднаа, бидејќи непријателот ги надвладеа. 17#1,8Сион ги протега рацете, но за него нема утешител. Господ заповеда непријатели да го опколат Јакова; Ерусалим стана нечистотија меѓу нив. 18Праведен е Господ, зашто не му се покорував на словото Негово. Чујте, сите народи, и погледнете ја мојата бол­ка; момите мои и момчињата мои отидоа во ропство. 19#1,2; Ер 30,14; 1,11Ги повикувам пријателите свои, но тие ме измамија; свештениците мои и старешините мои умираат во градот, барајќи храна за да ја поткрепат душата своја. 20#2,11; Ер 4,19; 5 Мојс 32,25; Ер 9,20Погледај, Господи, во каква мака сум, утробата моја трепери, срцето ми се превртува, бидејќи жестоко се противев на Тебе; однадвор меч ми ги по­коси децата, а дома – смрт. 21#Амос 5,18Слушаат како офкам, а утешител немам; за мојата неволја чуја сите мои непријатели и се зарадуваа, бидејќи Ти го направи тоа; о, да беше му заповедал на претскажаниот ден да дојде, па и тие да станат како мене! 22#Ер 51,35Нека се појави пред Тебе сета злоба нивна; и постапи со нив како што пос­тапи со мене за сите мои гревови, зашто тешки се офкањата мои, и срцето мое е натажено.

Селектирано:

Плачот 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност