И му рече Исус на народот: „Осветете се, бидејќи утре Господ ќе изврши меѓу вас чудни дела.“ На свештениците, пак, им рече Исус: „Земете го ковчегот на заветот и одете пред народот.“ Свештениците го зедоа ковчегот на заветот и тргнаа пред народот. Тогаш Господ му кажа на Исус: „Од денес ќе почнам да те возвишувам пред очите на сите синови Израелови, за да дознаат дека, како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе. А сега заповедај им на свештениците, кои го носат ковчегот на заветот, и кажи им: ‚штом ќе влезете во водите на Јордан, запрете во Јордан.‘“
Прочитај Исус Навин 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исус Навин 3:5-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа