Исус Навин 3:5-8
Исус Навин 3:5-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И му рече Исус на народот: „Осветете се, бидејќи утре Господ ќе изврши меѓу вас чудни дела.“ На свештениците, пак, им рече Исус: „Земете го ковчегот на заветот и одете пред народот.“ Свештениците го зедоа ковчегот на заветот и тргнаа пред народот. Тогаш Господ му кажа на Исус: „Од денес ќе почнам да те возвишувам пред очите на сите синови Израелови, за да дознаат дека, како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе. А сега заповедај им на свештениците, кои го носат ковчегот на заветот, и кажи им: ‚штом ќе влезете во водите на Јордан, запрете во Јордан.‘“
Исус Навин 3:5-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Исус му нареди на народот: „Посветете се за утре, зашто утре Господ ќе направи чуда меѓу вас.“ А на свештениците Исус им заповеда: „Кренете го Ковчегот на Заветот и носете го пред народот.“ И го кренаа Ковчегот на Заветот и го понесоа пред народот. Господ му рече на Исуса: „Денес почнувам да те возвишувам пред очите на сиот Израел, нека знаат дека сум со тебе, како што бев со Мојсеја. Ти пак заповеди им на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот: ‘Кога ќе стигнете до јорданските води, застанете во самиот Јордан.’“