Исус Навин 3:3-5
Исус Навин 3:3-5 MK2006
и им заповедаа на луѓето, велејќи: „Кога ќе го видите ковчегот на заветот на Господ, вашиот Бог, и свештеници, левити, како го носат, тргнете и вие од вашето место и одете по нив. Но растојанието меѓу вас и нив да биде околу две илјади лакти; не се доближувајте до него; така ќе го знаете патот, по кој ќе одите, зашто вие не сте оделе по тој пат никогаш порано.“ И му рече Исус на народот: „Осветете се, бидејќи утре Господ ќе изврши меѓу вас чудни дела.“

