Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 3:3-5 - Compare All Versions

Исус Навин 3:3-5 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

и им заповедаа на луѓето, велејќи: „Кога ќе го видите ковчегот на заветот на Господ, вашиот Бог, и свештеници, левити, како го носат, тргнете и вие од вашето место и одете по нив. Но растојанието меѓу вас и нив да биде околу две илјади лакти; не се доближувајте до него; така ќе го знаете патот, по кој ќе одите, зашто вие не сте оделе по тој пат никогаш порано.“ И му рече Исус на народот: „Ос­ветете се, бидејќи утре Господ ќе изврши меѓу вас чудни дела.“

Исус Навин 3:3-5 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

“Штом ќе ги видите Ковчегот на Заветот на Господа, вашиот Бог, и свештениците левити кои го носат, тргнете сите од своето место и појдете по нив. Така ќе го знаете патот по кој треба да одите, зашто по тој пат уште никогаш не сте оделе. Ама меѓу вас и Ковчегот нека има растојание од две илјади лакти. И да не му се приближите.“ А Исус му нареди на народот: „Посветете се за утре, зашто утре Господ ќе направи чуда меѓу вас.“