Еве што наследија синовите Израелови во хананската земја, што им ја раздели свештеникот Елеазар и Исус синот Навинов, и родоначалниците од племињата на Израеловите синови; на деветте племиња и на половината племе, поделба извршија со ждрепка, како што беше заповедал Господ преку Мојсеј, зашто на две и половина племиња Мојсеј им даде наследство од онаа страна на Јордан; а на левитите не им даде дел меѓу нив, бидејќи од Јосифовите синови произлегоа две племиња: Манасиевото и Ефремовото; поради тоа не им се даде на левитите дел од земјата, туку градови за живеење и предградија за нивниот добиток и за други нивни потреби. Како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така и направија синовите Израелови, кога ја разделуваа земјата.
Прочитај Исус Навин 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исус Навин 14:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа