Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 14:1-5

Исус Навин 14:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Еве што наследија синовите Израелови во хананската земја, што им ја раздели свештеникот Елеазар и Исус синот Навинов, и родо­начал­ниците од племињата на Израеловите синови; на деветте племиња и на половината племе, поделба извршија со ждрепка, како што беше заповедал Господ преку Мојсеј, зашто на две и половина племиња Мојсеј им даде наследство од онаа страна на Јордан; а на левитите не им даде дел меѓу нив, бидејќи од Јосифовите синови про­из­легоа две племиња: Манасиевото и Ефремовото; поради тоа не им се даде на левитите дел од земјата, туку гра­дови за живеење и предградија за нивниот добиток и за други нивни потреби. Како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така и направија синовите Израелови, кога ја разделуваа земјата.

Исус Навин 14:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ова е што добија во наследство Израелевите синови во Ханаанската Земја - што им разделија во наследство свештеникот Елеазар и Исус, синот Навинов, и главатарите на семејствата на израелските племиња. Наследството го разделија со жрепка, како што Господ одреди преку Мојсеја, меѓу деветте племиња и половината од десеттото племе. Мојсеј им го одреди наследството на двете племиња и на половината од десеттото племе од онаа страна на Јордан, а на Левитите не им даде наследство меѓу нив. Зашто беа две племиња на Јосифовите синови: Манасиевото и Ефремовото. А на Левитите не им дадоа дел од земјата, туку градови, за престојување и пасишта за нивниот добиток и за нивната стока. Како што Господ му заповеда на Мојсеја, така направија Израелевите синови при делбата на земјата.