Кога Исус остаре и навлезе во поодмината возраст, Господ му рече: „Ти остаре и веќе си во поодминати години, а останува уште многу да се завладее. Остануваат уште овие земји: сите филистејски предели и сите области на Гесуријците. Од Шихор кој е кон Египет до границите на Екрон на север, се смета како подрачје на Хананците. Тоа се пет филистејски кнежества со главни градови: Газа, Ашдод, Ашкелон, Гет и Екрон како и територијата на Авимците. На југ, пак, целата хананска земја и Меара Сидонска, до Афека и до аморејските предели, исто така целата земја Гевла и источен Ливан од Ваал-Гад, во подножјето на Ермон, до Емат. Сите планински жители од Ливан до Мисрефот-Маим, сите сидонци, Јас ќе ги избркам пред синовите Израелови. Па раздели му ја таа земја со ждрепка во наследство на Израел, како што ти заповедав; раздели ја оваа земја сега како дел од наследството на деветте племиња и на половината од Манасиевото племе.“
А племето Рувимово и Гадово, со другата половина од Манасиевото племе, го добија својот дел од Мојсеј од онаа страна на Јордан, на исток, како што им беше дал Мојсеј, слугата Господов, од Ароер, кој е до устието на потокот Арнон, и од градот, кој е среде долината, целата висорамнина Медева дури до Дивон. Исто така сите градови на аморејскиот цар Сихон, кој царуваше во Есевон дури до пределите на Амоновите синови, како и Галаад и Гесурската и Маахатската област, и целата планина Ермон и целиот Башан до Салеха, целото царство Огово во Башан, кој царуваше во Аштарот и во Едреи. Само тој остана од гигантите, зашто Мојсеј нив ги победи и ги протера. Но Израеловите синови не ги избркаа жителите на Гесур и Маахат кои живеат меѓу Израелците и до ден-денешен. Само на Левиевото племе не му даде наследство; Господ, Израеловиот Бог, е негово наследство, како што му беше рекол Господ; на племето на Рувимовите потомци според родовите нивни Мојсеј им даде дел