Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 13:1-15

Исус Навин 13:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога Исус остаре и навлезе во поодмината возраст, Господ му рече: „Ти остаре и веќе си во поодминати години, а останува уште многу да се завладее. Остануваат уште овие земји: сите филистејски предели и сите области на Гесуријците. Од Шихор кој е кон Египет до границите на Екрон на север, се смета како подрачје на Хананците. Тоа се пет филистејски кнежества со главни градови: Газа, Ашдод, Ашкелон, Гет и Екрон како и територијата на Авим­ците. На југ, пак, целата хананска земја и Меара Сидонска, до Афека и до аморејските предели, исто така целата земја Гевла и ис­точен Ливан од Ваал-Гад, во поднож­јето на Ермон, до Емат. Сите планински жители од Ливан до Мисрефот-Маим, сите сидонци, Јас ќе ги избркам пред синовите Израелови. Па раздели му ја таа земја со ждрепка во наследство на Израел, како што ти заповедав; раздели ја оваа земја сега како дел од наследството на деветте племиња и на половината од Манасиевото племе.“ А племето Рувимово и Гадово, со другата половина од Манасиевото племе, го добија својот дел од Мојсеј од онаа страна на Јордан, на исток, како што им беше дал Мојсеј, слугата Господов, од Ароер, кој е до устието на потокот Арнон, и од градот, кој е среде долината, целата висорамнина Медева дури до Дивон. Исто така сите градови на амореј­скиот цар Сихон, кој царуваше во Есевон дури до пределите на Амо­новите синови, како и Галаад и Гесурската и Маа­хат­ската област, и целата планина Ермон и целиот Башан до Салеха, целото царство Огово во Башан, кој царуваше во Аштарот и во Едреи. Само тој остана од гигантите, зашто Мојсеј нив ги победи и ги протера. Но Израеловите синови не ги из­бркаа жителите на Гесур и Маахат кои живеат меѓу Израелците и до ден-денешен. Само на Левиевото племе не му даде наследство; Господ, Израеловиот Бог, е негово наследство, како што му беше рекол Господ; на племето на Рувимовите потомци според родовите нивни Мојсеј им даде дел

Исус Навин 13:1-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога Исус остаре и напредна во своите години, Господ му рече: „Веќе си стар и времен, а остана многу земја за да се освои. Еве ги подрачјата што уште остануваат: сите филистејски покраини и сета гесурска земја; од Сиор, што е пред Египет, сѐ до границата на Акарон на север, а се смета како подрачје на Ханаанците; пет филистејски кнежевства: Газа, Азот, Аскалон, Гет и Акарон; потоа Авејците на југ. Сета ханаанска земја од Меар што им припаѓа на Сидонците, па до Афек и до аморејската меѓа; тогаш земјата на Гивлејците и сиот Ливан кон исток, од Вал-Гад во подножјето на гората Ермон до преминот Емат. Ќе ги истерам пред Израелевите синови сите жители на подгорјето, од Ливан до Мисрефот на запад - ќе ги истерам сите Сидонци пред Израелевите синови, само раздели му ја на Израел во наследство земјата, како што ти заповедав. И така раздели ја таа земја во наследство меѓу деветте племиња и половината од Манасиевото племе.“ Другата половина од Манасиевото племе, а со неа и племето Рувимово и Гадово, го примија своето наследство, што им ја даде Мојсеј преку Јордан, на исток. Мојсеј, Господовиот слуга, им додели вака: од Ароир, што се наоѓа на брегот на потокот Арнон, и од градот во средината на долината, сета висорамнина од Медев до Девон; сите градови на Сион, царот аморејски, кој владееше во Есевон, сѐ до меѓата на Амоновите синови; и Галад, и гесурската и махатската краина со сета гора Ермон, и сиот Васан до Салха; а во Васан сето царство на Ог, кој владееше во Астарот и Едраин и беше последен потомок на Рафајците. Мојсеј ги победи и ги протера. Ама Израелевите синови не ги истераа Гесурците и Махатците од средината на Израелците сѐ до денешниот ден. Само на Левиевото племе не му даде наследство: Господ, Израелевиот Бог, е негово наследство, како што му рече. Мојсеј му даде на племето на Рувимовите синови делови според нивните семејства.