Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 9:1-17

Јован 9:1-17 MK2006

Кога одеше, виде еден човек, слеп од раѓање. Учениците Негови Го прашаа и ре­коа: „Рави, кој згрешил? – тој или роди­телите негови, та се родил слеп?“ Исус им одговори: „Ни тој, ниту ро­дителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него. Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи. Додека сум во светот, Јас сум Свет­лина на светот.“ Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот, и му рече: „Отиди и измиј се во ба­њата Силоам!“, што значи: „Испратен.“ Тој отиде, се изми и дојде гледајќи. А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и питаше?“ Едни велеа: „Тој е“, а други: „Личи на него.“ Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.“ Тогаш го прашаа: „Како ти се от­во­рија очите?“ Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги на­мачка очите и ми рече: ‚Отиди во бањата Силоам и изми се!‘ Отидов, се измив и прогледав.“ Пак го прашаа: „Каде е Тој?“ Тој рече: „Не знам.“ Тогаш го одведоа кај фарисеите чо­векот, кој порано беше слеп. А беше сабота кога направи Исус кал и му ги отвори очите. Го прашаа, пак, исто така и фарисе­ите: „Како прогледа?“ Тој им одговори: „Ми кладе кал на очите, се измив и сега гледам.“ Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Не е од Бога Овој човек, штом не ја уважува саботата.“ Други рекоа: „Како може грешен човек да прави такви чу­да?“ И настана расправија меѓу нив. Пак му рекоа на слепиот: „Ти што велиш за оној што ти ги отвори очите?“ А тој рече: „Пророк е!“