Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 9

9
Исус исцелува слепороден човек
1 # Дела 3,2 Кога одеше, виде еден човек, слеп од раѓање. 2#2 Мојс 20,5; Ез 18,20Учениците Негови Го прашаа и ре­коа: „Рави, кој згрешил? – тој или роди­телите негови, та се родил слеп?“ 3#5,14; 11,4; Лк 13,2-4Исус им одговори: „Ни тој, ниту ро­дителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него. 4#5,17; 11,9-10Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи. 5#1,4; 8,12; Ис 49,6Додека сум во светот, Јас сум Свет­лина на светот.“ 6#Мк 7,33; 8,23Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот, 7#2 Цар 5,10; Ис 8,6; Лк 13,4и му рече: „Отиди и измиј се во ба­њата Силоам!“, што значи: „Испратен.“ Тој отиде, се изми и дојде гледајќи. 8#Дела 3,10А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и питаше?“ 9Едни велеа: „Тој е“, а други: „Личи на него.“ Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.“ 10Тогаш го прашаа: „Како ти се от­во­рија очите?“ 11Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги на­мачка очите и ми рече: ‚Отиди во бањата Силоам и изми се!‘ Отидов, се измив и прогледав.“ 12Пак го прашаа: „Каде е Тој?“ Тој рече: „Не знам.“
Фарисеите го испитуваат исцелувањето
13 # 1,24 Тогаш го одведоа кај фарисеите чо­векот, кој порано беше слеп. 14#5,9; Лк 13,10; 14,1-2А беше сабота кога направи Исус кал и му ги отвори очите. 15Го прашаа, пак, исто така и фарисе­ите: „Како прогледа?“ Тој им одговори: „Ми кладе кал на очите, се измив и сега гледам.“ 16#3,2; 5,16.18; 7,43; 9,31.33; 10,19; 5 Мојс 13,1-6Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Не е од Бога Овој човек, штом не ја уважува саботата.“ Други рекоа: „Како може грешен човек да прави такви чу­да?“ И настана расправија меѓу нив. 17#7,40; Мт 16,14; 21,46Пак му рекоа на слепиот: „Ти што велиш за оној што ти ги отвори очите?“ А тој рече: „Пророк е!“ 18Но Јудејците не поверуваа за него дека бил слеп и прогледал додека не ги повикаа родителите на оној што про­гледа, 19и ги прашаа: „Дали е овој вашиот син, за кого велите дека се родил слеп?“ 20Родителите негови одговорија и им рекоа: „Знаеме дека е овој наш син и де­ка се роди слеп; 21но како сега гледа, не знаеме; или, кој му ги отвори очите, не знаеме. Тој е голем; прашајте го него, нека ви каже сам за себе!“ 22#7,13; 12,42; 19,38; 20,19; Лк 6,22Ова го рекоа неговите родители, би­дејќи се плашеа од Јудејците; зашто Ју­дејците се беа согласиле да биде ис­клу­чен од синагогата секој што ќе Го признае за Христос. 23Затоа и родителите негови рекоа: „Тој е возрасен, него прашајте го!“ 24#Ис.Н. 7,19; Откр 11,13Тогаш повторно го повикаа човекот што беше порано слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога! Ние знаеме дека Оној Човек е грешен!“ 25А тој одговори и рече: „Дали е гре­шен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам.“ 26Пак му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“ 27Тој им одговори: „Јас веќе ви реков и не чувте; зошто сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да Му ста­не­те ученици?“ 28#5,45А тие го укорија и му рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви уче­ници! 29#7,27-28; 8,14; 2 Мојс 33,11; 4 Мојс 12,2-8Ние знаеме дека со Мојсеј говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е.“ 30Одговори човекот и им рече: „Тоа е и за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите! 31#Ис 1,15; Пс 34,15; 66,18; Јов 27,9; Изреки 15,29; 1 Јн 3,21-22Знаеме дека Бог не слуша греш­ни­ци: но оној што Го почитува Бога и ја исполнува Неговата волја, него го слу­ша. 32Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден. 33#3,2И ако Тој не беше од Бога, не ќе мо­жеше да направи ништо.“ 34#9,2; Пс 51,6Одговорија и му рекоа: „Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе нѐ учиш?“ И го избркаа надвор.
Духовно слепило
35 # 3,14-15; Мт 8,20 Исус чу дека го истерале, па го нај­де и му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?“ 36Тој одговори и рече: „А кој е, Гос­поди, па да поверувам во Него?“ 37#4,26Исус му рече: „Си Го видел, токму Оној е кој зборува со тебе!“ 38А тој рече: „Верувам, Господи!“ И Му се поклони. 39#3,17; 5,22.27.30; 8,12.15; 12,47; Мт 13,13; Мк 4,11-12И рече Исус: „За суд дојдов Јас во овој свет, за да прогледаат слепите, а оние што гледаат, да станат слепи.“ 40#Мт 15,14; 23,16.24.26Го чуја тоа некои од фарисеите што беа со Него, и Му рекоа: „Зар и ние сме слепи?“ 41#3,36; 15,22; Изреки 26,12Исус им рече: „Да бевте слепи, грев немаше да имате; а сега велите дека гледате, затоа и гревот ви останува.“

Селектирано:

Јован 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност