Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 15:1-7

Јован 15:1-7 MK2006

„Јас сум вистинската лоза, Мојот Отец е лозарот. Секоја прачка во Мене, што не дава плод, Тој ќе ја исече; и секоја, што дава плод, ќе ја очисти, за да принесе повеќе плод. Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал. Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; зашто без Мене не можете да на­правите ништо. Ако некој не остане во Мене, ќе би­де исфрлен надвор, како прачка, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат. Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде.