Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 14:15-24

Јован 14:15-24 MK2006

„Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. Јас ќе Го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека, Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде. Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам кај вас. Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа; а вие ќе Ме гледате, зашто Јас живеам и вие ќе живеете. Во оној ден вие ќе разберете дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Ме­не, и Јас сум во вас. Кој ги има заповедите Мои и ги па­зи, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љу­би Мене, возљубен ќе биде од мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се ја­вам Сам.“ Му рече Јуда, не Искариот: „Гос­по­ди, зошто сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот?“ Исус одговори и му рече: „Ако не­кој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе на­правиме. Кој не Ме љуби, не го запазува сло­вото Мое; а словото што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме ис­прати.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 14:15-24

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност