Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 14:12-27

Јован 14:12-27 MK2006

Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец; и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“ „Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. Јас ќе Го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека, Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде. Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам кај вас. Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа; а вие ќе Ме гледате, зашто Јас живеам и вие ќе живеете. Во оној ден вие ќе разберете дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Ме­не, и Јас сум во вас. Кој ги има заповедите Мои и ги па­зи, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љу­би Мене, возљубен ќе биде од мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се ја­вам Сам.“ Му рече Јуда, не Искариот: „Гос­по­ди, зошто сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот?“ Исус одговори и му рече: „Ако не­кој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе на­правиме. Кој не Ме љуби, не го запазува сло­вото Мое; а словото што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме ис­прати. Ова ви го реков, бидејќи сум со вас. А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви на­помни за сѐ што сум ви зборувал. Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да страхува.