Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 12:36-50

Јован 12:36-50 MK2006

Додека ја имате Светлината, верувајте во светлината, за да бидете синови на Светлината!“ Штом го рече тоа, Исус си замина и се сокри од нив. Иако толку чудесни знаци беше на­правил пред нив, тие пак не веруваа во Него, за да се исполни словото од проро­кот Исаија, кој рече: „Господи, кој по­ве­рува во она што чул од нас? И раката Господова кому се откри?“ Тие затоа не можеа да поверуваат, зашто Исаија уште вели: „Ги ослепи очите нивни, ги скамени срцата нивни, за да не гледаат со очите и со срцето да не разбираат, и да не се обратат за да ги излекувам.“ Ова го рекол Исаија кога ја беше видел славата Негова и зборувал за Него. Но, и од началниците мнозина по­веруваа, само заради фарисеите не признаваа за да не бидат исклучени од синагогата; зашто им беше помила човечката слава отколку славата Божја. А Исус подигна глас и рече: „Кој верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној Кој Ме пратил, кој Ме гледа мене, Го гледа Оној Кој Ме пратил. Јас – Светлина – дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина. И ако некој ги чуе зборовите Мои, и не поверува, Јас нема да го судам, заш­то не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам. Кој се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го су­ди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден. Зашто Јас Сам од Себе не зборувам, но Отецот, Кој Ме прати. Тој Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам. И знам дека заповедта Негова е жи­вот вечен. А она што го зборувам Јас, го зборувам така, како што Ми рече Отецот.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност