Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 12

12
Помазанието Исусово во Витанија
(Мт 26,6-13; Мк 14,3-9)
1 # 11,1.43-44 На шест дни пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите. 2#11,2; Лк 10,40Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата. 3#Лк 7,37-38А Марија зеде литар чисто скапоце­но миро, ги помаза нозете Исусови и ги избриша со косата своја нозете Негови; а куќата се исполни со мирис од мирото. 4#6,71; Мт 10,4Еден од учениците Негови, Јуда Си­монов Искариот, кој подоцна Го пре­даде, рече: 5#6,7; Мт 19,21„Зошто не се продаде ова миро за триста денарии, и тоа да се раздадеше на сиромаси?“ 6#Лк 8,3Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она што пуштаа во него. 7#19,40А Исус рече: „Оставете ја! Таа го за­пази тоа за денот на Мојот погреб; 8#5 Мојс 15,11зашто сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.“
Заговор и против Лазар
9Мнозина од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исус, туку да го видат и Лазар, кого Тој го воскресна од мртвите. 10#Мк 14,1А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазар, 11зашто мнозина од Јудејците се из­дво­јуваа поради него и веруваа во Исус.
Свеченото влегување во Ерусалим
(Мт 21,1-12; Мк 11,1-11; Лк 19,28-40)
12На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја дека Исус доаѓа во Ерусалим, 13#6,14-15; 18,33.37.39; 19,3-21; Соф 3,15; Пс 118,25.26зедоа палмови гранчиња и излегоа да Го пречекаат; и викаа, велејќи: „Оса­на!#12,13 На еврејски Хошиана Спаси нѐ! – месијански восклик. Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израелов!“ 14А Исус, откако најде едно, седна на него, како што е на­пи­шано: 15#Ис 35,4; Зах 9,9„Не плаши се, ќерко, Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на магаре.“ 16#2,22; 14,26; Мк 4,13; Лк 24,45Но ова учениците Негови не го раз­браа. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него и дека тие Му го направија тоа. 17#11,43-44Народот, што беше со Него кога Тој го извика Лазар од гробот и го вос­кресна од мртвите, сведочеше. 18Затоа и Го пречека народот, зашто беше чул дека тоа чудо го направи Тој. 19#3,26; 11,47-48; Мк 1,37; Дела 5,28А фарисеите си велеа меѓу себе: „Гледате ли дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него!“
Некои Елини Го бараат Исус
20Меѓу дојдените за празникот на поклонение имаше и некои Елини. 21#1,44; 7,34; Лк 19,3; 23,8Тие пристапија кон Филип, кој беше од Витсаида Галилејска, и го молеа, ве­лејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исус.“ 22Дојде Филип и му кажа на Андреј, а Андреј и Филип Му кажаа на Исус. 23#11,4; 13,1; 17,1; Мт 8,20; Мк 14,35.41Исус, пак, им одговори, велејќи: „Дојде часот да се прослави Синот Чо­вечки. 24#Ис 53,10-12; Мт 16,21; Рим 14,9; 1 Кор 15,36Вистина, вистина ви велам: ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре – ќе донесе голем плод. 25#Мт 16,25; Мк 8,35; Лк 9,24; 14,26; Откр 12,11Кој го сака животот свој, ќе го загуби; а кој го мрази животот свој на овој свет, ќе го запази за вечен живот. 26#14,3; 17,24; Мт 4,19; 16,24; Мк 8,34; Лк 14,27Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене, и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга. И кој Ми служи Мене, него ќе го уважува и Мојот Отец.
Исус говори за Својата смрт
27 # 11,33; 16,21; 18,11; Пс 6,4.5; 42,5.11; Мт 26,38; Евр 5,7-8 Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но, заради тоа и дојдов за овој час. 28#13,31-32; 17,1-11; Мт 3,17Оче, прослави го името Свое!“ То­гаш дојде глас од небото: „И Го прославив, и пак ќе Го прославам.“ 29#Лк 22,43; Дела 23,9А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: „Загрми!“, други, пак, ре­коа: „Ангел Му проговори!“ 30#11,42Исус одговори и рече: „Овој глас не беше заради Мене, туку заради вас. 31#3,19; 9,39; 14,30; 16,11; Лк 10,18; Ефес 2,2; Откр 12,9; 20,1-6Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор. 32#3,14; 8,28; 14,3; Фил 2,9-10И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Се­бе.“ 33#18,32; 21,19А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре. 34#2 Сам 7,16; Ис 9,6; Ез 37,25; Пс 89,4.36; 110,4; Мт 8,20Народот Му одговори: „Сме слу­ша­ле од Законот дека Христос вечно ќе остане, а како Ти велиш дека Синот Чо­вечки треба да биде издигнат? Кој е Тој Син Човечки?“ 35#7,33; 8,12; 9,4; Ер 13,16; 1 Јн 2,11Тогаш Христос им рече: „Уште малку време Светлината е со вас; одете додека има Светлина за да не ве опфати темнина; а кој оди по темнина, не знае каде оди. 36#8,59; Лк 16,8; Ефес 5,8; 1 Сол 5,5Додека ја имате Светлината, верувајте во светлината, за да бидете синови на Светлината!“ Штом го рече тоа, Исус си замина и се сокри од нив.
Неверството на народот
37 # 2,11; 5 Мојс 29,1-3; Мт 11,20; Рим 10,16; Евр 4,2 Иако толку чудесни знаци беше на­правил пред нив, тие пак не веруваа во Него, 38#Ис 53,1; Рим 10,16за да се исполни словото од проро­кот Исаија, кој рече: „Господи, кој по­ве­рува во она што чул од нас? И раката Господова кому се откри?“ 39#5,44Тие затоа не можеа да поверуваат, зашто Исаија уште вели: 40#9,39-41; Ис 6,10; Мт 13,13-15; Дела 28,26-27„Ги ослепи очите нивни, ги скамени срцата нивни, за да не гледаат со очите и со срцето да не разбираат, и да не се обратат за да ги излекувам.“ 41#1,14; 5,39; Ис 6,1Ова го рекол Исаија кога ја беше видел славата Негова и зборувал за Него. 42#2,23; 7,31; 9,22; 16,1-4; Лк 6,22Но, и од началниците мнозина по­веруваа, само заради фарисеите не признаваа за да не бидат исклучени од синагогата; 43#5,44зашто им беше помила човечката слава отколку славата Божја.
Словото на Исус ќе суди
44 # 5,24; 13,20; Мт 10,40 А Исус подигна глас и рече: „Кој верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној Кој Ме пратил, 45#1,18; 14,9кој Ме гледа мене, Го гледа Оној Кој Ме пратил. 46#8,12; 9,5Јас – Светлина – дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина. 47#3,17; Лк 6,49; 8,21; 11,28И ако некој ги чуе зборовите Мои, и не поверува, Јас нема да го судам, заш­то не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам. 48#8,37.47; 5 Мојс 18,18-19; 31,26-29; 1 Сол 4,8Кој се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го су­ди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден. 49#7,17; 8,26.28; 14,10.24Зашто Јас Сам од Себе не зборувам, но Отецот, Кој Ме прати. Тој Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам. 50#6,40; 17,2; 1 Птр 4,11И знам дека заповедта Негова е жи­вот вечен. А она што го зборувам Јас, го зборувам така, како што Ми рече Отецот.“

Селектирано:

Јован 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност