Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 12:12-19

Јован 12:12-19 MK2006

На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја дека Исус доаѓа во Ерусалим, зедоа палмови гранчиња и излегоа да Го пречекаат; и викаа, велејќи: „Оса­на! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израелов!“ А Исус, откако најде едно, седна на него, како што е на­пи­шано: „Не плаши се, ќерко, Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на магаре.“ Но ова учениците Негови не го раз­браа. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него и дека тие Му го направија тоа. Народот, што беше со Него кога Тој го извика Лазар од гробот и го вос­кресна од мртвите, сведочеше. Затоа и Го пречека народот, зашто беше чул дека тоа чудо го направи Тој. А фарисеите си велеа меѓу себе: „Гледате ли дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност