Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија Вовед

Вовед
Во свое време, Еремија бил еден од малубројните Јудејци кои Му останале верни на Бога. Често пати се наоѓал во ситуација да биде сам против сите. Да споменеме дека времето во кое живеел Еремија било време на војни, кога новоникнати империи ги покорувале дотогашните царства. Малото царство Јудеја долго време се одржувало, но во времето на Еремија било совладано од Вавилонците.
Својата служба на Божји гласник меѓу луѓето Еремија ја започнал во раната младост, на помалку од 20-годишна возраст и ја продолжил сѐ до 586 година пр. Христос, кога Вавилонците го освоиле Ерусалим. Бил присилен да замине со дел од својот народ во Египет, каде продолжил да ги пренесува на луѓето Божјите пораки.
Со помош на неговиот пријател Варух, Еремија ги запишал повеќето пораки што ги добил од Господ. Сепак, во оваа книга, тие случки не се прикажани хронолошки, туку по сличноста на темата.
Еремија многупати им навестувал на неговите сонародници дека Господ ќе ги казни поради нивните гревови и отстапувањето од Бога. Кога Вавилонците го нападнале неговото царство Јудеја, Господ преку Еремија им порачал дека Јудејците немаат избор, туку треба да се предадат. Поради ова, Еремија бил обвинет за предавство, фрлен во затвор, а за малку ќе бил и убиен. Заради ваквиот однос кон него, Еремија често пати Му се поплакувал на Господ (11,18-23; 12,1-6; 17,14-18; 20,7-18, итн.).
Еремија продолжил да ги укорува своите сограѓани дека згрешиле што го напуштиле почитувањето на Господ Бог и дека поради тоа биле предадени во рацете на Вавилонците. Сепак, Господ им дава надеж дека еден ден ќе ги врати во нивната татковина и дека со нив ќе склучи нов завет.

Селектирано:

Еремија Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност