Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 1

1
Еремија повикан за пророк
1 # 32,7 Зборови на Еремија, – син на Хелкија, еден од свештениците кој жи­вееше во Анатот, во земјата Венијами­нова, – 2кому му беше упатено слово Госпо­дово во времето на Јошија, син на јудеј­скиот цар Амон, во тринаесеттата го­дина од царувањето негово, 3#52,15а и во деновите на Јоаким, синот на јудејскиот цар Јошија, до крајот на единаесеттата година од царувањето на Седекија, син на јудејскиот цар Јошија, до поробувањето на Ерусалим во петтиот месец.
Нашите ограничени способности не се пречка за Бога
4И ми беше упатено слово Господово: 5#Амос 3,2; Јн 10,27; Ис 42,1„Пред да те обликувам во утробата, Јас те познавав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк на народите.“ 6Јас, пак, одговорив: „О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад.“ 7#Ис 6,7-8; Ез 2,3-7Но Господ ми рече: „Не вели: – млад сум; – зашто до сите до кои ќе те испра­там ќе одиш и сѐ што ќе ти заповедам ќе кажеш. 8#1,19Не плаши се од нив; зашто Јас сум со тебе, за да те избавам“, рече Господ. 9#Ис 6,7; Ез 2,9; Дан 10,16И ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: „Ете, Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја. 10#Дела 9,15Гледај, Јас те поставив денес над народи и царства, за да искоренуваш и разурнуваш, да погубуваш и да разру­шуваш, да ѕидаш и да насадуваш.“ 11#Амос 8,2И пак беше упатено слово Госпо­дово до мене: „Што гледаш, Еремија?“ Одговорив: „Гледам гранка од бадемово дрво.“ 12#31,28; Дан 9,14Господ ми рече: „Добро гледаш, за­што Јас бдеам над Моето слово, за да се изврши.“ 13И по вторпат беше упатено слово Господово кон мене: „Што гледаш?“ Одговорив: „Гледам котел што врие, а отворот му е кон север.“ 14И ми рече Господ: „Од север ќе букне злото врз сите луѓе што живеат на земјата. 15#25,9; Ис 5,26Зашто, ете, Јас ќе ги свикам сите племиња на северните царства – вели Господ – и тие ќе дојдат, и секој ќе го постави престолот свој при влезот на ерусалимските порти, околу сите ѕидишта негови и во сите јудејски градови. 16#2,13; 4,12; 44,3И ќе го изречам судот Свој врз нив за сите нивни беззаконија, затоа што Ме оставија и кадеа темјан на други богови и им се поклонуваа на идоли, дела од нивните раце. 17#25,6; 2 Цар 22,17А ти препаши ги бедрата свои и стани, та кажи им сѐ што ќе ти запо­ведам; не треси се пред нив, за да не те стресам Јас пред очите нивни. 18#15,20; Ис 50,7; Ез 3,8; Мих 3,8И ете, Јас те поставив денес како утврден град, како железен столб и ка­ко бронзен ѕид против сите цареви Јудини и кнезовите на целата таа земја, против свештениците негови и против народот на таа земја. 19#15,20; Соф; 3,14-18Тие ќе војуваат против тебе, но нема да те победат; зашто Јас сум со тебе, за да те избавувам“ – вели Господ.

Селектирано:

Еремија 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност