Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 49:1-6

Еремија 49:1-6 MK2006

За синовите Амонови вака вели Господ – зар Израел нема сино­ви, зар нема наследник? Зошто Милком ја наследи земјата на Гад и зошто народот негов се насели во неговите градо­ви? Затоа, еве идат дни, вели Господ, ко­га ќе се чуе боен повик во Рава од сино­вите Амонови, и таа ќе стане куп урнатини, и градовите нејзини изгорени и Израел ќе ги победи оние, кои го победија него, вели Господ. Плачи, Есевоне, зашто е опустошен Гај; викајте, ќерки на Рава; опашете околу себе вреќиште, плачете и трчајте околу плотовите; бидејќи Милком ќе отиде во ропство, заедно со свештени­ците и кнезовите негови. Зошто се фалиш со долините? Тво­јата долина пропадна, ќерко одмет­ничке, која се надеваш на богатството свое, велејќи: кој ќе излезе против мене? Еве, Јас ќе испратам врз тебе ужас од сите страни твои наоколу, вели Гос­под, Бог Саваот; разбегајте се кој каде може и никој нема да ги собере разбеганите. Но потоа Јас ќе ги повратам заро­бените – синовите Амонови, вели Гос­под.