Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 4:1-9

Еремија 4:1-9 MK2006

Ако сакаш да се обратиш, Израеле, вели Господ, обрати се кон Мене; и ако ги отклониш гадотиите од пред Моето лице, и престанеш да скиташ, и ако се заколнеш: вистински верно и праведно: жив е Господ, тогаш народите ќе бидат благословени и со Него ќе се фалат. Зашто вака им вели Господ на луѓето од Јудеја и од Ерусалим: изорај­те си нови ниви и не сејте меѓу трње. Обрезете се заради Господ и симнете го крајчето од срцето свое, луѓе Јудини и ерусалимски жители, за да не се јави Мојот гнев како оган и да не пламне неизгасливо поради вашите злодела. Објавете во Јудеја, и разгласете во Ерусалим, говорете и трубете со труба по земјата; викајте силно и велете: соберете се, и да влеземе во утврдените градови. Кренете го знамето кон Сион – бе­гајте, не запирајте се, зашто Јас ќе донесам од север зло и голема погибел. Излегува лав од својот честар, тргнува истребителот на народите: тој излегува од местото свое, за да ја напра­ви земјата твоја пустина, градовите твои ќе бидат сосипани, ќе останат без жители. Затоа опашете се со вреќиште, пла­чете и ридајте: јароста на Господовиот гнев не се одврати од нас! И во тој ден, вели Господ, ќе замре срцето на царот и срцето на кнезовите, ќе се ужаснат свештениците и ќе се вчудоневидат пророците.