Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 1:1-9

Еремија 1:1-9 MK2006

Зборови на Еремија, – син на Хелкија, еден од свештениците кој жи­вееше во Анатот, во земјата Венијами­нова, – кому му беше упатено слово Госпо­дово во времето на Јошија, син на јудеј­скиот цар Амон, во тринаесеттата го­дина од царувањето негово, а и во деновите на Јоаким, синот на јудејскиот цар Јошија, до крајот на единаесеттата година од царувањето на Седекија, син на јудејскиот цар Јошија, до поробувањето на Ерусалим во петтиот месец. И ми беше упатено слово Господово: „Пред да те обликувам во утробата, Јас те познавав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк на народите.“ Јас, пак, одговорив: „О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад.“ Но Господ ми рече: „Не вели: – млад сум; – зашто до сите до кои ќе те испра­там ќе одиш и сѐ што ќе ти заповедам ќе кажеш. Не плаши се од нив; зашто Јас сум со тебе, за да те избавам“, рече Господ. И ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: „Ете, Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност