Дојде ангел Господов од Гилгал во Бохим и рече: „Јас ве изведов од Египет и ве воведов во земјата, за која им се заколнав на татковците ваши; и реков: – нема да го нарушам Мојот завет со вас никогаш; вие, пак, не влегувајте во сојуз со жителите на оваа земја; на боговите нивни не им се поклонувајте, идолите нивни скршете ги, жртвениците нивни урнете ги. Но вие не го послушавте гласот Мој. Зошто постапивте така? Затоа велам: нема да ги истерам од вас, и тие ќе бидат трње за вас, а боговите нивни ќе ви бидат соблазна.“ Кога ангелот Господов ги кажа тие зборови пред сите синови Израелови, народот крена голем пискот и заплака. Поради тоа и го нарекуваат тоа место Бохим. Таму тие Му принесоа жртва на Господ.
Прочитај Судии 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Судии 2:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа