Не озборувајте се еден со друг, браќа: зашто, кој го озборува братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија. Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си што осудуваш друг? Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме“, вие, кои не знаете што ќе стане утре. Што е вашиот живот? Тој е пареа, која се појавува за кратко време, па исчезнува. Место да велите: „Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа.“ А сега се фалите со својата гордост. Секоја таква фалба е зла. И така, грев е за оној кој знае да прави добро, а не го прави.
Прочитај Јаков 4
Слушни за Јаков 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јаков 4:11-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа