Господ се заколна во десницата Своја и во силната рака Своја: нема повеќе да го дава твоето жито за храна на непријателите твои; и синови на туѓинци нема да го пијат виното твое, за кое си се трудел; но собирачите негови ќе го јадат и ќе Го слават Господа, и берачите на грозјето ќе го пијат виното негово во дворовите на Моето светилиште. Минувајте, минувајте низ портите, приготвувајте пат за народот! Рамнете, рамнете го патот, собирајте ги камењата, кренете знаме за народите! Ете, Господ објавува до крајот на земјата: кажете ѝ на ќерката Сионова: твојот Спасител иде; наградата Негова е со Него, а отплатата Негова – пред Него. И ќе ги наречат свет народ, откупен од Господ, а тебе ќе те наречат „баран“, „Незаборавен град.“
Прочитај Исаија 62
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 62:8-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа