Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 62

62
Ерусалим ќе биде избавен
1 # 42,14; 60,1.3; Авак 3,4 Нема да замолчам заради Сион, ниту ќе се успокојам заради Ерусалим, додека правдата негова не изгрее како светлина, и спасението не­гово – како запалена светилка. 2#56,5; 60,14; 65,15; Откр 2,17; 3,12И народите ќе ја видат твојата правда, и сите цареви – твојата слава; и ќе ги наречат со ново име, кое устата Госпо­дова ќе го определи. 3#Ез 16,12И ќе бидеш венец на слава во раката Господова и царска круна – врз длан­ката на твојот Бог. 4#1,26; 49,14-21; 54,1-8; 60,15; Ос 2,25Нема веќе да те нарекуваат „оста­вен“, ниту земјата твоја повеќе ќе ја именуваат „пустина“, туку ќе те наре­куваат „Мое благоволение кон него“, а земјата твоја – „омажена“, зашто Гос­под благоволил кон тебе, и земјата твоја ќе биде мажена. 5#61,10; 65,19Како што момче се жени со мома, така и синовите твои ќе се соединат со тебе; и како што младоженецот се радува на невестата, така ќе ти се радува тебе твојот Бог. 6#21,6-8; 49,16; 52,8; Ер 6,17На ѕидовите твои Ерусалиме, поставив стража, која нема да молкне ни дење, ни ноќе. О, вие што Го спомнувате Господа, не замолкнувајте! 7#60,18; 61,11Не замолчувајте пред Него, додека Тој не го обнови Ерусалим и додека не ја издигне славата негова на земјата. 8#41,10; 45,23; 54,9; 65,22; 5 Мојс 28,30-35.51; Амос 9,14Господ се заколна во десницата Сво­ја и во силната рака Своја: нема повеќе да го дава твоето жито за храна на непријателите твои; и синови на туѓин­ци нема да го пијат виното твое, за кое си се трудел; 9#5 Мојс 14,23но собирачите негови ќе го јадат и ќе Го слават Господа, и берачите на грозјето ќе го пијат виното негово во дворовите на Моето светилиште. 10#11,12.16; 35,8; 40,3; 49,22; 57,14Минувајте, минувајте низ портите, приготвувајте пат за народот! Рамнете, рамнете го патот, собирајте ги камењата, кренете знаме за народите! 11#35,4; 40,10; 48,20; Зах 9,9; Мт 21,5; Откр 22,12Ете, Господ објавува до крајот на земјата: кажете ѝ на ќерката Сионова: твојот Спасител иде; наградата Негова е со Него, а отплатата Негова – пред Него. 12#1,26; 35,10; 51,11; 60,14И ќе ги наречат свет народ, откупен од Господ, а тебе ќе те наречат „баран“, „Незаборавен град.“

Селектирано:

Исаија 62: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност