Не плаши се, зашто нема да бидеш посрамена; не возбудувај се, зашто нема да бидеш исмеана: ќе го заборавиш посрамувањето на младоста своја и нема повеќе да си спомниш за срамот на вдовството твое. Зашто твојот Творец е твојот сопруг; Јахве Саваот е името Негово, твој искупител е Светецот Израелов: Тој ќе се нарече Бог на целата земја. Зашто Господ те вика како жена, напуштена и жална со духот, како жена од младини, која била отфрлена, вели твојот Бог. За малку време те оставив, но со голема милост ќе те приберам. Во пламенот на гневот го сокрив од тебе лицето Свое за кратко време, но со вечна милост ќе те помилувам, вели твојот Искупител Господ.
Прочитај Исаија 54
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 54:4-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа