Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 54

54
Бог му ветува заштита на Својот народ
1 # 1 Сам 2,5; Пс 113,9; Гал 4,27 Развесели се, ти неплодна, што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си почувствувала родилни маки; зашто напуштената има многу повеќе деца од онаа, која има маж, вели Господ. 2#26,15; 33,20; 49,20; Ер 10,20Рашири го местото на шаторот свој; покривите твои на живеалиштето твое прошири ги; продолжи ги јажињата свои и зацврсти ги колците свои; 3#49,8.19; 1 Мојс 28,14зашто ти ќе се рашириш десно и ле­во, и потомството твое ќе завладее на­роди и ќе ги насели опустошените гра­дови. 4#45,17; Ез 16,22; Соф 3,11Не плаши се, зашто нема да бидеш посрамена; не возбудувај се, зашто нема да бидеш исмеана: ќе го заборавиш посрамувањето на младоста своја и нема повеќе да си спомниш за срамот на вдовството твое. 5#41,14; 47,4; Ос 2,18; Зах 14,9; Пс 47,7Зашто твојот Творец е твојот соп­руг; Јахве Саваот е името Негово, твој искупител е Светецот Израелов: Тој ќе се нарече Бог на целата земја. 6#41,9; 49,14; Ер 30,17; Изреки 5,18Зашто Господ те вика како жена, напуштена и жална со духот, како жена од младини, која била отфрлена, вели твојот Бог. 7#Мих 4,6; Плач 3,32За малку време те оставив, но со голема милост ќе те приберам. 8#26,20; 51,6-8; 55,3; 57,17; 60,10; Ер 31,3; Авак 3,2; Пс 30,5Во пламенот на гневот го сокрив од тебе лицето Свое за кратко време, но со вечна милост ќе те помилувам, вели твојот Искупител Господ.
Ветување за траен мир
9 # 1 Мојс 8,21-22; 9,8-16 Зашто тоа за Мене е како потопот за време на Ное: како што се заколнав де­ка потоп нема повеќе да дојде на земјата, така се заколнав дека нема да ти се лутам, ниту да те прекорувам. 10#Ер 4,24; Ез 34,25; 37,26; Пс 46,2; 89,34; Рим 11,29Планини ќе се поместат, и ридови ќе се разнишаат, но Мојата милост не­ма да отстапи од тебе и заветот на Мојот мир нема да се разниша, вели Господ, Кој те милува.
Новиот Ерусалим
11 # 51,3; 60,17-18; Ез 28,13-14 О, неволна, тркалана од виорот, неутешна! Ете, Јас ќе ги положам твои­те камења врз смарагд и ќе ги направам твоите основи од сафири; 12#Откр 21,10-21и ќе ги направам твоите прозорци од рубини и твоите порти – од бисер, а целата ограда твоја – од скапоцени ка­мења. 13#50,4; Ер 31,33-34; Јн 6,45И сите твои синови ќе бидат нау­чени од Господ, и голема среќа ќе има меѓу синовите твои. 14#1,26; Пс 91; 121Ти ќе се утврдиш со правда, ќе бидеш далеку од насилствата, бидејќи ќе нема од што да се плашиш, далеку ќе биде од тебе и ужасот, зашто тој нема да се приближи до тебе. 15#Лк 20,18Ете, ќе се вооружат против тебе, но тоа не е од Мене; кој и да се вооружи против тебе, ќе падне. 16#Мих 2,10Ете, Јас создадов ковач, кој го раздувува јагленот во огнот и ќе произведува орудија за својата цел, – а Јас сум создал и губител, кој истребува. 17#41,11; 45,24; 50,9; Јов 5,17-26Ниедно оружје, направено против тебе, нема да има успех; и секој јазик, кој би се подигнал против тебе на суд, – ти ќе го обвиниш. Тоа е наследство на слугите Господови, нивна победа од Мене, вели Господ.

Селектирано:

Исаија 54: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност